„ДАЈ ЕДНА ЧАЛГИЈА“ со Сашко Митев на летната сцена во Крива Паланка

Сподели

Целовечерен концерт „Дај една чалгија“ со  Сашко Митев и инструментална чалгиска група, ќе се одржи на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, на 18 јуни (вторник), со почеток во 20,00 часот.

Сашко Митев е  вокалист и инструменталист,  член на амсамблот „Танец“, кој ќе настапи во придружба на Костадин Андоновски-виолина, Влатко Терзиски – кларинет, Тимко Чичаковски –канон и Дамјан Зифовски –тарабука.  

Настанот е извонредна можност кривопаланчани да се запознаат и потсетат на вистинскиот дух на македонскиот музички народен јазик преку виртуозните звуци на македонската чалгија, исполнета со емоции и традиционални мелодии.

Организатор на чалгиската вечер е НУ Центар за култура Крива Паланка, а настанот е дел од манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024“.