Поднесено обвинение за дивоградба во Охрид

Сподели

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело – Бесправно градење согласно член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените на возраст од 49 и 48 години, како соизвршители, на 27.07.2023 година започнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На постоечкиот објект во центарот на Охрид изградиле доградби од северната страна, во сутеренот, приземјето и на катот, проширувајќи ги со армирани бетонски плочи и столбови, по што продолжиле да го надградуваат објектот со две армирано бетонски плочи со кои ја зголемиле неговата катност.

Против првиот обвинет во овој предмет се води судска постапка за уште едно бесправно градење во центарот на Охрид.