Денеска се отвори најголемиот парк на шахот во Македонија во скопската населба Кисела Вода. Локациски се наоѓа во населбата 11 Октомври Бараки, и се простира на површина од 4000м².
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека паркот е направен на местото на дива депонија која сега граѓаните ќе можат да уживаат во прекрасно уредено катче, опремено со современа урбана опрема, хортикултурно уредување и шаховски маси, каде што љубителите на шахот ќе можат да уживаат во оваа интелектуална игра.
„ Во самиот центар на паркот се поставени и шаховски статуетки на кралот и кралицата, симболизирајќи го значењето на шахот како игра која го поттикнува умот и развива стратегиско размислување.
Посебна благодарност упатувам до Шаховската федерација на Македонија и нејзиниот претседател, Саша Богдановиќ, за целокупната поддршка при реализацијата на овој проект. Ова партнерство е пример за тоа како заедно можеме да создадеме нешто вредно и трајно, нешто што ќе го збогати секојдневието на нашите граѓани. Шахот, како игра на стратегија и размислување, носи многубројни придобивки – ги развива когнитивните способности, го зголемува фокусот и ги стимулира аналитичките вештини. Силно верувам дека ова ќе биде место за дружење, рекреација и опуштање за сите генерации, посебно шахистите и љубителите на шахот, кои сега ќе можат да уживаат во масите со шаховски табли, поставени специјално за нив“, напиша Ѓорѓиевски.
Градоначалникот додаде дека претворањето на поранешната депонија во зелен парк не е само голем естетски придонес, туку и важен еколошки момент, значаен за подобрување на квалитетот на животната средина во општината, а со тоа и за создавање на поубаво секојдневие за сите нас.
Апелирам до сите жители совесно да се однесуваат кон новопоставената урбана опрема и зеленило, бидејќи само заеднички можеме да го зачуваме и одржуваме оваа нова локација во општина Кисела Вода создадена за дружење и релаксација, изјави .