Во Националната галерија – објект Чифте амам, денеска ќе биде отворена изложбата „30 години уметност“ на ликовни уметници од Факултетот за уметност при Универзитетот во Тетово.
На изложата се претставуваат: Агрон Абдули, Илиријан Беќири, Линдита Беќири, Валмир Азири, Мифтар Мемети, Осман Демири, Решат Амети, Невзат Бејтули и други. Куратор на изложбата е Јелдез Асани.