Јордан Митев

Сподели

Јордан Митев, режисер на “Александрово оро”

„Здраво живо господа на сите! Ги следам вашите коментари и еве во оваа прилика сакам лично да ви се заблагодарам! Знаете,има една опција на youtube и со истата се забранува било каков коментар,но нема да биде употребена се со цел да не ви биде оневозможено подобро да се искажете самите себе.Слободно можете да продолжете и да кажете што сакате,како за мене,така и за се што е поврзано со оваа снимка.Јас лично нема да бидам изненаден за ништо посебно што ќе кажете,бидејќи најсилната страна на македонецот од секогаш била самоплукањето,самопонижувањето,самопредавството,и се,се друго што е негативно.Ние македонците,си плукнавме на сопствената македонска држава,на се што е македонско,па камоли на едно видео.Ние македонците,го исплукавме цело Скопје,па камоли едно обично видено!Слободно плукајте браќа,па ние друго и не знаеме подобро.И друго,ако сакате да навредете,направете го тоа машки,а не поголем дел од вас да се криете под шифри.Ако некој се крие,а цело време лае како некој пес,знаете кои зборови ги имаме на располагање во нашиот СТРИТ вокабулар.Но и тоа ни е една од посилните страни на нас македонците!Ние секогаш многу добро знаеме да лаеме,и тоа најмногу во својот двор и пред своите дома!

“Не` почитуваат граѓаните, а политиката не, не сме слепи послушници, Во странство одликувани, дома понижени.”