Жена на возраст од 61 година го родила своето прво бебе на Клинката за гинекологија во Скопје.
Според директорката на Клиниката, д-р Ирена Алексиоска Папестиев, ова е доказ дека медицината во Македонија може да се споредува со светската. Таа истакна дека пациентката е првата во земјава што родила со сопствена криопрезервирана јајце-клетка, а целокупниот третман, бременост и породување се извршени во Македонија.
“Мајката херој” како што ја нарековме, е пациентка со исклучително тешко гинеколошко и акушерско минато со 10 ин витро интервенции и 10 спонтани абортуси. Во изминатите години пациентката имала и други 3 гинеколошки операции, изјави Алексиовска Папестиев.
Бебето се вика Петар, тежок е 2.350 грама и долг 48 сантиметри, и е родено со царски рез во 36-тата недела од бременоста.
Вакви случаи во светот се ретки, но Петар и мајката денеска се пуштени дома. Да им посакаме среќа и да не се откажуваме од своите сништа!