„Блесок“ е насловен концертот што ќе се одржи вечер од 20 часот во Филхармонијата, по повод 58 години од основањето на Факултетот за музичка уметност – Скопје.
Како што најави Факултетот, на концертот ќе учествуваат Симфонискиот оркестар при ФМУ, Мешаниот хор „Драган Шуплевски“, Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“, Оркестарот на народни инструменти и проф. Драган Даутовски, студентите од Катедрата за балетска педагогија и од Катедрата за џез и популарна музика, ансамблот перкусионисти, под водство на диригентите Цанев, Татарчевски и Спироски.