Мицкоски: Честит празник на турската заедница

Сподели

Денес, во мултиетничка Македонија, заедно го чествуваме празникот на турската заедница. Ви го честитам овој ден и изразувам задоволство што преку вакви настани покажуваме дека различностите не нè делат, туку нè обединуваат во едно заедничко семејство.

Сите ние, граѓани на нашата Македонија без разлика на етничка и верска припадност, сме дел од ова семејство кое го сакаме и го штитиме. Убеден сум дека заеднички ќе продолжиме да го негуваме духот на единство и почит.

Честит празник на турската заедница со желби за уште многу вакви чествувања во нашата татковина!