„Мојата порака до колегите од македонското СЈО е да продолжат со работа, да не дозволат кој било да ги исплаши и да го спроведуваат законот професионално. СЈО e млада институција и затоа е тешко да се зборува за нејзини брзи резултати, а со оглед дека има пречки во работата, интервалот за работа ѝ е прекраток“, вели Ковеши за Бирн.
Интересно е дека таа отворила случај против обвинител од нејзините редови, бидејќи зел пари во случајот што го водел, а постапка води и против полицаец од ДНА.
Ако позитивните ефекти од романското СЈО се завидни за балкански услови, сепак антикорупциските активисти предупредуваат оти атмосферата околу ова обвинителство создава и проблеми.
„Другите институции во Романија не функционираат. Сѐ е оставено на ДНА, сите очекуваат обвинителството некого да затвори, иако можеби нема криминал во конкретниот случај. Има случаи кога некој директор донел глупава, а не криминална одлука, а јавноста, па дури и неговите претпоставени бараат крв, да се вмеша ДНА, иако на никој не му текнува едноставно да побара оставка од човекот. Не секоја глупава одлука на јавните службеници е криминалнa и затоа треба многу да се внимава, а ДНА во некои наврати ја премина оваа граница, поведена од очекувањата на јавноста“, вели антикорупцискиот активист Лаура Стефан.
Центарот на Букурешт Зразлика од Македонија, таму граѓаните и институциите не се задоволуваат само со затворски казни за корумпираните политичари. Романија има ефективен систем за замрзнување и конфискација на имотот. Веќе никому не му е чудно да се одземе куќата на корумпиран политичар и таа да се пренамени во градинка или од неговата зграда да се направи болница.
Покрај ДНА, сериозна институција е и романскиот пандан на македонската Антикорупциска, која за разлика од нашата комисија има помали ингеренции, ама затоа, пак, сериозно си ја брка работата.
Еднаш годишно го бележат, а постојано го следат имотот на функционерите, па дури и на кандидатите за пратеници и за советници, а сериозно ги „бркаат“ и политичарите кои вработиле свои блиски роднини, во моментов на суд се педесетина пратеници поради непотизам.
Репортажата на Призма во целост прочитајте ја тука