Делегацијата на ЕУ по гласањето во Собранието: Партиите да го поддржат СЈО

Сподели

07pqpr12-860x680

Откако владејачкото мнозинство во Собранието ги одби предлозите за измени на Законот за СЈО, во делот за продолжување на рокот за истрагата, како и измените на Законот за заштитени сведоци, Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска повторно ги повика потписниците на Договорот од Пржино да се придржуваат до договорот и да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство.

„Улогата на СЈО беше договорена од сите партии, како дел од Договорот од Пржино. Сите партии повеќепати се обврзаа да ја поддржат работата на СЈО. ЕУ ги охрабрува сите да дејствуваат во согласност со своите обврски и ја истакнува важноста на отчетноста“, соопштија од Делгацијата на ЕУ во Скопје.

meta.mk