СПРОТИВНО ЗАКОНОТ СЕ ОДЛУЧУВАЛО ЗА ПРИТВОРОТ НА ТАЛЕСКИ

Сподели

vladimir-taleski (1)

Ист судија, спротивно на Законот одлучувал во два различни судови за истиот притвор на битолскиот градоначалник Талевски. Официјална потврда за ова стигна од Врховниот суд, пренесува Телма.

На веб страната судот објави дека ја прифаќа жалбата на СЈО затоа што Апелациониот суд направил суштествена повреда на Законот и на одлуките на Европскиот суд за човекови права. Одлуката ја донел судски совет од 5 врховни судии, а со советот раководела претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова.

– Постапувајќи во истата правна работа при одлучувањето во понискиот суд, судијата веќе имал оформено свое мислење, кое било од влијание врз неговата непристрасност при одлучувањето како член на советот во повисокиот суд.

 За притворот на Талевски во првостепениот Кривичен суд одлучувал судија кој подоцна е избран во Апелациониот суд. и во повисокиот суд, тој повторно одлучувал за притворот на градоначалникот по жалбата на Специјалното обвинителство. Поради ова, СЈО се жали до највисокиот, Врховниот суд кој носи одлука во корист на специјалното обвинителство. Ова е прва одлука по жалба на СЈО во Врховниот суд, кој го враќа случајот на апелација. Во одлуката Врховниот суд потенцира и дека сите јавни обвинители во СЈО имаат право да потпишуваат наредби и обвиненија и да го застапуваат СЈО пред судот. Талевски три месеци беше во домашен притвор како осомничен во истрагата „Транспортер“ за проневера на општински пари во училишен превоз.