ЕЛЕМ потпиша договор за адвокатски услуги тежок 2,5 милиони евра

Сподели

Државната компанија за производство на струја Електрани на Македонија ќе потроши над два и пол милиони евра за адвокатски услуги. Адвокатското друштво „Куртис“ од САД го доби милионскиот тендер од ЕЛЕМ. Ќе ги застапува три години или годишно од касата на оваа фирма, за адвокатски услуги, ќе се трошат по 840 илјади евра пренесуваАлсат.

elem

Договорот е склучен уште на 27 јули, а доставен е до Бирото за јавни набавки минатиот месец. На јавниот повик понуди доставиле две компании, а била избрана американската адвокатска канцеларија.

Од ЕЛЕМ пак, одговорија дека дека договорот со адвокатската компанија се однесува за консултатски и адвокатски услуги за спорови што во иднина би произлегле помеѓу АД Електрани и Македонија и економски оператори од странство со кои компанијата има воспоставено деловна соработка. Од компанијата тврдат дека износот на Договорот е само финансиска рамка, и компанијата би добивала пари само во случај на потреба.

 Инаку, адвокатското друштво „Куртис“ има 18 канцелраии во САД, но и преставништва во Јужна Америка, Азија и Европа. ЕЛЕМ договорот за соработка го потпишал со филијалата во Париз. На официјалната веб страна на адвокатското друштво има детално обајснување за што нудат услуги и за кои потреби. Компанијатра е формирана уште во 1830 година.

Работат во многу области на правото, Банки, финансиски институции и пазари на капитал, Меѓународна трговија, но и нудат правни услуги во делот на снабдување со електрична енергија. Имаат широк опсег на услуги токму во оваа област.

Токму во времето на официјализирање на договорот со адвокатската фирма Куртис, имаше промена во директорската фотелја на ЕЛЕМ. Оставка поднесе Дејан Бошковски, а на негово место дојде Христијан Мицкоски кој беше советникот на премиерот Емил Димитриев за енергетски прашања. Мицкоски освен што е директор, во исто време е и претседател на Управниот одбор на компанијата. ЕЛЕМ е петта најголема компанија во државава според приходи, со над 4,500 вработени, а е 14 според профитот.