Панама: Полицијата пронајде закопани 2,5 тони кокаин на морскиот брег

Сподели

panama

ПАНАМА (АА) – Во Панама беа запленети 2,5 тони кокаин, јавува Anadolu Agency (AA).

Обвинителот Хулио Вилјареал вели дека полицијата реагирала врз основа на дојава и запленила 2,5 тони кокаин којшто бил закопан на брегот на морето.

Според него, од почетокот на годината до денес, во различни операции беа запленети 43 тони кокаин.

Минатата година во Панама беа запленети 58 тони кокаин. Панама важи за транзитна земја кога станува збор за шверц на наркотици од Јужна Америка во Соединетите Американски Држави (САД).