На свечен и помпезен начин тукушто вратениот министер за внатрешни работи Митко Чавков, го прогласи приемот на стотина завршени курсисти во редовите на македонската полиција. За разлика од неговиот “технички извод”,
претходникот Оливер Спасовски, кој што тврдеше дека меѓу примените полицајци се наоѓаат и такви кои што длабоко се огрешиле на законот и имаат дебели криминални досиеја, поради што и одбиваше да ги потпише нивните решенија, старо-новиот министер Чавков оценил дека се работи за способни и докажани (партиски) кадри, кои со успех ќе ги извршуваат своите должности.
Сатиричниот весник “Коза ностра” по тој повод, прокоментира: –Чавков е во право. Во криминална држава сосема е нормално полициски криминалци да ја водат битката против криминалот. Тире се експерти вос војот занает и најдобро се упатени во прикривањето на криминалите на власта.