Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од екс директорот на ДБК Слободан Богоев, бара 3 милиони денари отштета, а неговиот близок соработник Муса Џафери, половина милион помалку, бидејќи се почуствувале навредени и наклеветени од изјавата на Богоевски дадена за Њујоршкиот суд, за случајот „Маѓар телеком“ пренесува Фокус.
Богоевски во својот исказ пред судот изстакнал дека 7,5 милиони евра биле внесени во Македонија со службен владин автомобил за поткуп на тројца политичари – тогашниот премиер Владо Бучковски и Али Ахмети и Муса Џафери од ДУИ.
Ахмети и Џафери со тужбата не доставиле психијатриски вештачења кои би ја покажала нивната душевна болка, но не се исклучува можноста дека ќе ги достават заедно со останатите докази.
Богоевски, по одложувањето на рочиштето истакна дека тужбите за клевета се неосновани, бидејќи никој не може да одговара за исказ што го дал пред надлежен суд.
…
текстот во целост прочитајте го тука