Повлекувањето опфаќа одредени нови возила од моделите S60, S90, V60, XC60 и XC90
ДЕТРОИТ (АА) – Шведскиот производител на автомобили „Волво“ објави дека повлекува околу 74.000 автомобили и теренски возила во САД, затоа што може да се случи предниот ремен на совозачкото седиште за време на несреќа да не го задржи патникот, јавува Anadolu Agency (AA).
Повлекувањето опфаќа одредени нови возила од моделите S60, S90, V60, XC60 и XC90. „Волво“ нагласува дека винтот на завртката може да се олабави, поради што таа може да се одвои од носачот. Ако тоа се случи, тогаш ременот при судирот не може да го задржи совозачот.
Доколку има потреба, дистрибутерите ќе ги заменат завртките без трошоци за сопствениците на возилата, почнувајќи од 12 декември.
„Волво“ започна истрага за наведениот проблем, откако во август добил извештаи за дефектот на завртките од ременот. Засега нема информации дека проблемот со ременот предизвикал повреди или смртни случаи.