„Ние одлучуваме!“ – Избирачкиот список не е прочистен, има лажни гласачи

Сподели

Граѓанската иницијатива „Ние одлучуваме” предупредува дека Избирачкиот список не е прочистен и се уште има лажни гласачи.

“Ги охрабруваме граѓаните во претстојниот период од изборниот процес да ги пријавуваат нерегуларности и притисоците врз нивното избирачко право за време на предизборната кампања, предизборниот молк како и на самиот ден на изборите.”

15060302_10154683895745902_816744959_o-700x500-1

Голем број граѓани се жалеле до Државната изборна комисија дека ги нема во Избирачкиот список, дека им се изменети некои лични податоци или дека некој друг се води дека живее на нивната домашна адреса. Од ДИК пак, на граѓаните им бараат да донесат еден куп документи со кои ќе докажат дека тие се сопственици на имотот во кој живеат.

-Добивме информации дека ДИК ги препраќа граѓаните кои пријавуваат непостоечки гласачи на нивните адреси до Министерството за внатрешно работи. Во МВР од граѓаните се бара да поднесат своерачно потпишано барање за промена во евиденција на лични податоци и да приложат докази, како купопродажен договор или имотен лист од кои ќе биде утврден сопственикот на објектот/имотот кој се води на адресата каде се појавуваат лица кои немаат избирачко право или немаат живеалиште на адресата, – велат од граѓанската организација „Ние одлучуваме!“

Граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ отвори бесплатна СОС линија на која граѓаните се охрабрени да се јават и да ги пријават предизборните нерегуларности, притисоци врз нивното избирачко право во форма на агитации, заплашување и слично како од страна на политичките партии во Македонија, така и од работодавачите во јавната администрација и од приватниот сектор.

СОС линијата нуди бесплатна правна помош за гласачите на македонски и на албански јазик. Граѓаните кои се јавуваат можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно. Тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани и истите нема да бидат објавени без претходна дозвола од страна на граѓаните кои ја пријавиле повредата. Граѓаните кои се јавуваат добиваат правна поука за постапката во конкретниот случај, се охрабруваат да дојдат во просториите на СОС тимот со цел покренување постапка во конкретниот случај.

Во досегашната работа, СОС тимот доби повеќе повици во врска со запишување, дополнување или бришење од Избирачкиот список. Од евидентираните повици, најголем дел се однесуваа на пријави за непостоечки гласачи на адресите на живеење на јавувачите. Согласно Изборниот законик, јавувачите беа упатени ова да го пријават до Државната изборна комисија, која е надлежна за промена на податоците од Избирачкиот список, секако поучени дека тимот може да им помогне во постапката.

Добивме информации дека Државната изборна комисија ги препраќа граѓаните кои пријавуваат непостоечки гласачи на нивните адреси до Министерството за внатрешно работи. Во МВР од граѓаните се бара да поднесат своерачно потпишано барање за промена во евиденција на лични податоци и да приложат докази, како купопродажен договор или имотен лист од кои ќе биде утврден сопственикот на објектот/имотот кој се води на адресата каде се појавуваат лица кои немаат избирачко право или немаат живеалиште на адресата.

 Ваквата постапка паѓа на товар на граѓанинот кој пријавил нерегуларност во Избирачкиот список, дополнително да обезбедува докази за нерегуларност која не настанала со дејствие или заради пропуст на самиот граѓанин.

Со внимателно толкување на законските одредби недвосмислено произлегува дека Државната изборна комисија е надлежна за постапување по пријави за бришење од Избирачкиот список. А понатаму надлежностите разработени во Правнилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, предвидуваат и начело на соработка помеѓу ДИК и МВР во однос на пристап до базите на податоци и прибавување на потребните докази за водење на постапката за ажурирање на Избирачкиот список.

Постапувањето спротивно на одредбите на Изборниот законик и Правилникот, ДИК воспоставува пракса која што не само што не е законски предвидена, туку и им отежнува на граѓаните на тој начин што по добиеното решение од МВР нужно е потребно да покренат уште една постапка пред ДИК за бришење на податоци од Избирачкиот список. Дел од граѓаните се откажуваат од продолжување на постапката за пречистување на податоците од Избирачкиот список бидејќи процедурата им одзема дополнително време и ресурси. Сето ова реално влијае и на должината на постапката и на довербата на граѓаните во институциите кои се задолжени за одржување на фер и демократски предвремени парламентарни избори во 2016 година.

СОС тимот за бесплатна правна помош за граѓаните во остварувањето на нивното гласачно право достави допис до Државната изборна комисија адресирајќи го овој проблем.

Меѓутоа имајќи предвид дека проблемот со непостоечки гласачи на Избирачкиот список е сериозен проблем во Република Македонија, а самиот рок за јавниот увид во Избирачкиот список и доставување пријави до ДИК од страна на граѓаните, согласно Роковникот од ДИК, завршува на 11ти Ноември односно утре, апелираме до ДИК до заклучување на Избирачкиот список во рамките на нивните овластувања да постапат соодветно за ажурирање на Избирачкиот список и негово прочистување.

Воедно, апелираме до политичките партии во Македонија, на кои согласно Изборниот законик, по завршување на јавниот увид им се доставува Избирачкиот список и кои имаат право во рок од 5 дена од приемот на истиот да доставуваат барања за запишување, дополнување и бришење од Избирачкиот список, да придонесат во ажурирање на Избирачкиот список и негово прочистување со цел овозможување на фер и демократски предвремени парламентарни избори во 2016 година.

“Ги охрабруваме граѓаните во претстојниот период од изборниот процес да ги пријавуваат нерегуларности и притисоците врз нивното избирачко право за време на предизборната кампања, предизборниот молк како и на самиот ден на изборите.”