Франција вонредната состојба ќе ја продолжи до мај 2017 година

Сподели

thumbs_b_c_70a383acecd7801c60ea106bc3817bb1

ПАРИЗ (АА) – Премиерот на Франција, Мануел Валс, вчера потврди дека неговата земја планира да ја продолжи вонредната состојба до претседателските избори, кои ќе бидат одржани на 23 април и на 7 мај 2017 година, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во интервју за Би-би-си, премиерот на Франција, Мануел Валс, изјави дека земјата ќе одржи претседателски избори под вонредна состојба, за како што рече тој, да ја сочува „својата демократија”.

„За неколку недели поради претседателските избори ќе започнат собири. Мораме да ја сочуваме нашата демократија” , изјави Валс.

Вонредната состојба во Франција е воведена со извршен декрет по терористичките напади на денешен ден, минатата година. Во нападите на 13 ноември во Париз убиени беа 130 лица.

Оттогаш во Франција се случија неколку терористички напади, од кој најсмртоносен беше оној во Ница во месец јули, кога загинаа 85 лица, а повредени беа повеќе од 100 лица.