Во денешното соопштение на изборното надзорно тело се вели дека Партијата што успешно ја водеше кампањата Велика Британија да гласа за излез од ЕУ ќе се соочи со финансиска истрага, јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката на изборната комисија да ја испита Партијата за независност на Велика Британија (УКИП) следуваше по истрагата на Европскиот парламент, според кој, наводно, партијата вчера потрошила средствa во вкупен износ од илјадници фунти.
Според Европскиот парламент, речиси 146.700 фунти (183.000 долари) наменети за парламентарни активности биле употребени во корист на партијата.
Групата во која припаѓа Партијата за независнот на Велика Британија – Алијансата за директна демократија во Европа (Europe-wide ADDE) – е во центарот на таа истрага.
Изборната комисија на Велика Британија денес потврди дека биле контактирани од страна на Европскиот парламент, кој официјално потврдил дека АДДЕ и ИДДЕ (Институтот за директна демократија во Европа) го користеле грантот на ЕУ за финансирање на партијата УКИП, прекршувајќи ги своите правила“.
УКИП сега се соочува со понатамошна истрага за да се утврди дали финансирањето го прекршува британското изборно право.
Привремениот лидер на партијата, Најџел Фараж, исто така денес се појави на насловните страници, по пораката што на Твитер ја објави новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во која го поддржува потенцијалниот амбасадор на Вашингтон.