ФБ СТАТУС: ЕДМОНД АДЕМИ – КВАНТАШКИ ПРИКАЗНИ

Сподели

edmond-ademi

Во 1991 година, имав само 16 години, кога Македонија ја прогласи својата независност. Во нашиот регион почнаа да избиваат војни, кои се повеќе и повеќе се ширеа…Словенија, Хрватска, Босна. Национализмот бликаше од сите страни. Мирисот на барутот, и татнежот на пушките се ширеше со голема брзина.
 Македонија, не беше имуна на тој национализам.
Тешката смрдлива реа на национализмот се чувствуваше и кај нас. Се сеќавам ко ден денес на првите повеќепартиски митинзи на ВМРО-ДПМНЕ. Полни со омраза, националистича реа и реторика на “луѓето со бради“ како што ги нарекувавме во тоа време. Предводник им беше младиот 24 годишен поет Љубчо Георгиевски.
Комунистите и Албанците беа први на удар. Криви беа за се`. Национализмот на ВМРО-ДПМНЕ го пробуди и национализмот кај Албанците. Или можеби и двата национализми се пробудија истовремено. Не знам. Веројатно.
 Сите тие што беа анти-националисти, сега беа на удар од двете страни. Македонската националистичка страна го плашеше сопствениот народ дека овие другите ќе ја поделат државата, ќе ја федерализираат, го плашеа со Големи Албании.
 Другата страна пак, го лажеа сопстевениот народ, дека ќе направеле вакви и онакви Албании, Република во Република…и се`така во круг. Едните уплашени другите излажани. А победници? Победници тие што плашеа и тие што лажеа.
 Денес 2016 година, 25 години подоцна, на свои 41, ги слушам истите приказни. Денес, “луѓето со бради“ станале модерни, избричени, дотерани…ама само во облеката. Умот и менталниот код им тој истиот. Пак си го плашат сопствниот народ со истити пораки — федерализации, поделби, вакви онакви. Тоа е едната страна. Другата страна пак, заедно со “некои нови клинци“ во политиката, продаваат би-национални држави, федерални единки…! Празна слама.
И после 25 години, ако е нешто јасно е тоа дека и едната страна и другата страна, освен што плашеа и лажеа, ништо не се случи. Ниту 1991. тоа се случи, уште помалку денес 2016-та тоа ќе се случи. Џабе ви е целиот медиумски измет што го оставате насекаде, за поделби, федерализации, би-национални држави…итн. Светла точка во целава приказна на “баби и жаби“ е дека народот, граѓаните на оваа Република, се совесни, демократски и политички доволно созреале, за да не ги купуваа нивните “кванташки приказни“. А продавачите на таквите “кванташки приказни“ околу себе веќе подолго време шират реа на трул зеленчук, кој никој не го купува. А трулиот зеленчук се знае кој го јаде.
Едмонд Адеми
фејсбук статус