КУБА: Почина Фидел Кастро

Сподели

fidel-1

„Ел команданте“ ја изгуби битката со болеста и со годините. Герилец, државник и еден од најголемите челници во модерната историја. Фидел Кастро почина во својата 90-та година.

Неговата смрт претставува крај на една ера и заминување на еден од најголемите, најпознатите и најконтроверзните светски лидери.

–  Главниот командант на кубанската револуција почина вечерва во 22:29 часот (утрово во 04:29 по средноевропско време), објави рано изутринава Раул Кастро во специјаното обраќање до нацијата преку националната телевизија.

Фидел Кастро е роден на 13 август 1926 година во местото Биран во провинцијата Оринете во земјоделско семејство. Во 1949 година дипломира на Парвиот факултет во Хавана, по што почнува да се занимава во политика.

fidelche-wwwilircolino

На 26 јули 1953 година, Фидел со група негови приврзаници организира неуспешен напад врз касарната во Сантијаго де Куба, по што е уапесн и осуден на 15 години затвор.

По општата амнестија во 1955 година, е ослободиен од затвор и емигрира во Мексико, за веќе следната година да се врати на Куба со група вооужени собирци и на 2 декември ја започнува Кубанската социјалистичка револуција.

Револуцијата завршува на 1 јанури 1959 година, кога Кастро ја презема власта во земјата, по што во 1961 година тој во Куба воведува социјалистичко уредување по советскиот модел.

На 3 декември 1976 година Фидел Кастро покрај функцијата генерален секретар на Комунистичката партија на Куба ги презема и должностите претседател на Државниот совет на Куба, односно шеф на државата и кубански премиер.

На овие функции останува до август 2006 година, кога му ги препушта на неговиот брат Раул, а во 2011 година ја напушта и должноста генерален секретар на Комуниситчката партија.

Смртта на Фидел Кастро доаѓа две години по историскиот договор меѓу САД и Куба за обнова на односите, кои беа замрзнати во текот на кубанската криза во 1962 година, кога светот беше доведен на работ на Нуклеарна војна.