БИТОЛА: Денови на германски филм

Сподели

 

fritz-lang_poster

Денови на германски филм ќе бидат одржани од денеска до сабота во 3Д Кино Битола.

Ќе бидат прикажани три филма, од кои два продуцирани во 2016 година, кои имаат по неколку национални и меѓународни награди. За сите филмови е обезбеден превод на македонски јазик, соопшти организаторот „Катавеј“.

Деновите на германскиот филм почнуваат вечер со проекција на филмот „Фриц Ланг“ на режисерот Гордијан Мауг, утре ќе биде прикажан „Џонатан“ на Пјотр Ј. Левандовски, а в сабота филмот „Мирно море“ на Волкер Шлендорф.