ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на жртвите од саботниот терористички напад во Истанбул се искачи на 44 лица, истакна денес турскиот министер за здравство, Реџеп Акдаг, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Акдаг истакна дека меѓу загинатите, 36 биле полицајци, а осуммина цивили. Oколу 10.30 часот по локално време (19.30 GMT) во саботата вечер, две експлозии одекнаа во европскиот дел на Истанбул.
Пред фудбалскиот стадион во истанбулската населба Бешикташ беше детонирана автомобил-бомба два часа по натпреварот меѓу Бешикташ и Бурсаспор во Турската фудбалска лига. Неколку секунди подоцна се случи самоубиствен напад во паркот „Мачка“ во истата населба.
Според министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, бомбашот-самоубиец се разнесе откако беше забележан од страна на полицијата. Во нападот беа повредени најмалку 150 лица.