Од безбедносни причини затворени улиците пред Бакингемската палата

Сподели

Улиците пред Бакингемската палата од денеска ќе бидат затворени за време на смената на стражарите, а таа мерка е воведена по нападот со камион на божиќниот базар во Берлин, во кој беа убиени 12 лица, соопшти лондонската полиција.

Полицијата нагласи дека таа мерка е неопходна поради тоа што таа локација привлекува голем број посетители.

Затворањето на улиците секако било планирано, но оваа мерка е воведена порано поради нападот во Берлин.

– Со затворањето на улиците ќе има и дополнителни безбедносни мерки за да се осигура безбедноста на стражарите – се додава во соопштението.

Полицијата наведе дека разгледува уште некои безбедносни мерки, бидејќи е проценето дека „има голема можност да дојде до терористички напад“.