ПРИЗМА: Кризогена коалиција, или коалиција за излез од кризата? – Димитар ДИМИТРОВ

Сподели

Задоцнетите племенски старешини не разбрале дека нивното крајно постигање – „заробената држава“ (последниот Извештај на ЕК)- предизвикала копнеж по слобода и правда, изразен во девизата „Нема правда – нема мир!“ и во повици за одговорност. Од Студентскиот пленум до „Шарената револуција“ се извршила преобразба на поданикот во граѓанин – оној кој лично избира. Тој граѓанин не е анти-Албанец, анти-Македонец, предавник, соросоид. Тој е народот. И негова е државата. И тој е решение на кризата.

dimitar_dimitrov

Од Студентскиот пленум до „Шарената револуција“ се извршила преобразба на поданикот во граѓанин – оној кој лично избира. Тој граѓанин не е анти-Албанец, анти-Македонец, предавник, соросоид. Тој е народот. И негова е државата. И тој е решение на кризата Како таков, граѓанинот-народ во принцип е негација на партијата-држава,т.е. на режимот. Тоа ја прави апсурдна помислата за уште едно продолжување на кризогената коалиција. Народот им свртел грб на Груевски и на Ахмети и го привел кон крајот векот на инсталацијата на Милошевиќевскиот режим во Македонија. Прогласот на Груевски, што се заканува со воскреснување на таа инсталација, ќе остане нејзин епитаф.

 После ваквиот избор и пресуда на народот, да се смета на профит од меѓуетничко наддавање, би значело да се сподели криминалот на Груевци, кои Правото (СЈО) ги гони како „злосторничко здружение“, скриено имено зад етничката карта. Би значело да се наседне на подлата замена на тезите со федерализацијата и двојазичноста, откако гласачите јасно ја прозреа, а Груевски продолжува да ја турка и во врска со коалицирањето. Би значело да се аболицираат престапници кои при владеење на правото би биле веќе лишени не само од функциите, туку и од слобода; и да и` се продолжи мандатот на нивната злоупотреба на политиката и на власта. А Албанците од Арачиново, Брест, Танушевци, кои немаат проблем со јазикот, туку со живеачката, да продолжат да преживуваат тука или да се иселат надвор, наспроти проблемот со јазикот таму. Што е, за жал, судбина на целата наша сиромаштија.

Гласовите за опозиционите албански партии и албанските гласови за СДСМ, ги поврзува позицијата против режимот. ДУИ како дел од режимот е поразена. Албанскиот народ во моментот е за опозицијата. Пораката што од тоа произлегува за албанските партии е – да бидат со својот народ. Да направат коалиција со СДСМ, врз платформата на Пржинскиот договор, и да не го товарат Заев со услови што не биле дел од кризата, зашто така би ја наведувале водата кон воденицата на Груевски.

Резултатите од овие избори не` упатуваат на работа на општото добро. Токму во тоа режимот потфрлил и тој пропуст го камуфлирал копајќи јазови по етнички, верски, идеолошки, идентитетски основи или врз нивни комбинации. Крадејќи имоти и животи, задолжувајќи родени и неродени. Македонци, Албанци, верници, атеисти, „комуњари“, „балисти“, „соросоиди“, славјански Македонци, антички Македонци… Зад таа камуфлажа изборите открија онеправдано сиромашно граѓанство, желно за живот, за правда, за човечка заедница.

Посветеноста на тоа граѓанство обезбедува достојна легитимација на политиката денес и тука.

Колумната на Димитар Димитров во целост прочитајте ја тука