Германските власти утврдиле дека напаѓачот кој на божиќниот панаѓур во Берлин со камион уби 12 лица, Тунижанецот Анис Амри, користел 14 различни идентитети, соопшти германската полиција.
Како што се наведува во соопштението, Амри дошол во Германија на средината на 2015 година и набргу успеал да се најде на листата на потенцијално опасни исламистички екстремисти, а против него паралелно е водена истрага поради остварување права под два различни идентитета.
Според наводите на началникот на полицијата на Северна Рајна – Вестфалија, Дитер Шуерман, властите не нашле цврсти докази дека планира напад.
Амри (24) на 19 декември со камион влета меѓу посетителите на традиционалниот божиќен панаѓур во Берлин и уби 12 лица, а на 23 декември беше убиен во пресметка со италијанската полиција во Милано.