Германскиот бруто домашен производ (БДП) во 2016 година се зголемил за 1,9 отсто во споредба со 2015, објави денеска германската агенција за статистика „Дестатис“.
Како што јави дописниот на МИА од Берлин, растот на германскиот БДП се должи на малата невработеност и зголеменото трошење на Владата со што Германија е една од најбрзо растечките економии меѓу водечките сили во светот. Сличен раст од 1,8 отсто Германија последен пат забележа во 2011 година.
Германија годината ја заврши со суфицит во висина од 6,2 милијарди евра со што трета година по ред ги надмина проекциите за прибрани даноци.
Германскиот министер за финансии Волфганд Шојбле одбива овие пари да се користат за намалување на даноците во изборната година, туку за враќање на надворешниот долг на Германија.