Специјалното обвинителство одзело документи од Државниот архив, во рамките на предистражна постапка, објави телевизија „Телма“.
Истражители на Специјалното јавно обвинителство влегоа во Архивот на Република Македонија и одзедоа одредена документација поврзана со проектот „Скопје 2014“, на кој досега се потошени 670 милиони евра, а под лупа на СЈО.
Директорот на архивот, Филип Петровски, изјави дека се работи за документи поврзани со проектот „Скопје 2014“.
И Петровски и од СЈО велат дека соработката била коректна и дека немало никакви проблеми, но директорот Петровски сепак смета дека обвинителството е автор на лажни информации кои се појавија на интернет дека имало инциденти во архивот меѓу него и обвинителите во кои била инволвирана и полиција и тврди дека не порталите, туку СЈО преку нив диригирало напади кон него денеска во јавноста.