Републиканецот Мајк Помпео, нов директор на ЦИА

Сподели

Американскиот Сенат вчера потврди дека републиканецот Мајк Помпеo (53) е нов директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), јавува Anadolu Agency (AA).

На гласањето 66 сенатори беа „за“, што е повеќе од доволно за да се потврди функцијата на Помпео. Речиси сите од 31 противник беа демократи, додека единствениот републиканец што гласаше против изборот на Помпео беше сенаторот Ранд Пол.

Помпео беше предложен од новиот претседател на САД, Доналд Трамп, а неговиот избор доаѓа во време на затегнати односи меѓу Белата куќа и разузнавачката заедница.

Трамп пред инаугурацијата ја критикуваше американската разузнавачка заедница поради нејзиниот заклучок дека рускиот претседател Владимир Путин наредил хакерски напади на Демократската партија, и со тоа му дал поддршка на Трамп на патот до Белата куќа.

За да се решат несогласувањата, Трамп во саботата го посети седиштето на ЦИА и вети дека во иднина ќе ја поддржи нејзината работа.

Некои сенатори изразија загриженост дека Помпео како директор на владината агенција може да дозволи употреба на одредени техники на испрашување коишто се сметаат за мачење.