На сајтот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ има објавено мапа со сите продажни места.
ЈСП веќе информираше дека електронските картички можат да се надополнат на 30 продажни места на претпријатието, на 54 локации на мастер-дилерот и на 3 автомати за картички (ТВМ).
Продажните места на мастер-дилерот можете да ги најдете на следните локации:
Она за што повеќе граѓани реагираа е цената на сегашните електронски билети од 150 денари, кои од февруари наместо 5, ќе имаат 2 гратис возења. Оваа промена, според ЈСП, доаѓа по големата побарувачка на електронските картички.
Од ЈСП тврдат дека вкупно се издадени околу 155.000 персонализирани и над 180.000 неперсонализирани картички. Три пати во денот се доставувале електронски картички до билетарниците со цел да се задоволат потребите. Претпријатието напоменува и дека граѓаните кога ќе ја купат картичката и кога ќе ја потрошат, не треба да ја фрлаат зашто таа се надополнува.
„Само кога првиот пат се купува картичката се плаќаат 150 денари. Кога целосно ќе се искористи граѓаните ја надополнуваат со колку сакаа возења и тоа само во билетарниците. Може да се плаќа и со мобилен телефон“.