Собранието го известило Иванов дека не е поднесен предлог за нова Влада

Сподели

Генералниот секретар на Собранието попладнево испратил допис до кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов во кој го информира дека до Парламентот до синоќа на полноќ, кога истече рокот, не е доставена програма и предлог за составување нова влада од страна на мандатарот Никола Груевски.

Иванов, денеска се сретна со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Сaмуел Жбогар, кого го известил дека „откако ќе добие официјално известување од Собранието на Република Македонија дека не е поднесена програма и предлог за состав на нова влада, ќе почне консултации со надлежните институции и со политичките партии“.

 

Извор:Meta.mk