Европската Унија очекува што поширока влада во Република Македонија

Сподели

ЕУ очекува претседателот Ѓорге Иванов да изврши итна консултација со политичките сили во земјата и да определи лидер за формирање на „што е можно поширока влада“, рече денеска портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич. На денешната прес-конференција во Брисел, таа рече дека Македонија „нема време за губење“, откако вчера измина рокот мандатарот Никола Груевски да формира влада.

 

 

„Како што кажавме претходно, таква коалиција треба да биде што е можно поширока и да се потпира на силен, инклузивен реформски консензус и меѓуетничка соработка. Како што добро знаете, ние очекуваме од идната Влада и од сите политички сили во земјата да продолжат со имплементирање на договорот од Пржино и решавање на Итните реформски приоритети, бидејќи сето ова е витално за понатамошен прогрес на земјата на патот кон европските интеграции и ова е нешто на што сите политички партии се обврзаа, а и истото го очекуваат и граѓаните“, додаде Маја Коцијанчич.

-Радио Слободна Европа