Гугл во текот на 2016 година блокирал 1,7 милијарди лажни реклами

Сподели

Гугл своите рекламни платформи ги отстрани од 200 веб страници, за кои смета дека се темелат на објавување на лажни вести.

Оваа политика сега се проби на полето на креаторите на лажните вести, а првото чистење почна во текот на претседателската инаугурација на Доналд Трамп, кога интернетот беше преплавен од бран на намерни дезинформации.

Конкретно, таквите вести т.е. страници се блокирани од Гугл рекламите, т.е. AdSense кои се покажуваат на трети страници кои не се во сопственост на Гугл.

Сепак, Гугл не го користи терминот „лажни вести” или „fake news” туку се фокусира на политички поконкретниот термин „содржина која претставува неточна слика”.

Покрај блокадата на лажните вести, Гугл соопшти дека во текот на 2016 година блокирал 1,7 милијарди лажни реклами.