УКРАИНА: Порошенко ќе распише референдум за членство во НАТО

Сподели

 

Украинскиот претседател Петро Порошенко ќе распише референдум, за тоа дали неговата земја треба влезе во НАТО, во момент кога анкетите покажуваат дека 54 отсто од Украинците се за членство во Алијансата, објави денеска германската медиумска група „Функе медијенгрупе“.

– “Пред четири години, само 16 отсто Украинци беа за влез во НАТО. Сега се 54 проценти”, изјави Порошенко во интервјуто за оваа група. “Ќе сторам се што е во моја моќ да станеме членка на НАТО, ако народот тоа го поддржи”, рече тој.

Порошенко смета дека Украина наскоро ќе ги исполни пристапните критериуми за предружување кон Европската Унија.

– Европа треба да сфати дека би била побезбедна, подоверлива и посреќна со Украина, потенцира Порошенко.