Како последица од птичјиот грип Х7Н9, во декември, во Кина починаа 106 од 359 заразени луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Кинескиот Национален комитет за здравство и за планирање на семејство соопшти дека голем број пациенти кои се заболени од вирусот примаат терапија.
Комитетот соопшти дека во јануари починале 20 лица, во јануари 79, а во февруари седуммина пациенти.
Болеста главно е забележана во провинциите Сечуан, Хунан и Жеџијанг.
Експертите велат дека луѓето можат да се заразат со вирусот, но дека не е можно вирусот да се пренесе од човек на човек.
И покрај тоа што се преземени различни мерки во областите каде што е забележан вирусот на птичји грип, до ширење на вирусот доаѓа најчесто во зимските и во пролетните месеци.
Вирусот Х7Н9 во Кина за првпат се појави во март 2013 година.