Централниот регистар на Република Македонија информира дека ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2016 година во сабота и недела од 8 до 16 часот и во понеделник и вторник од 8 до 20 часот.
За микро и малите фирми кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15 март 2017 година.
Правните субјекти ќе може и во понеделник и вторник од 8 до 16 часот да достават годишни сметки во хартиена форма и во канцелариите во Кратово, Демир Хисар и Крушево.