Светски ден на водите – Тетово без капка вода

Сподели

-Не би сакал да живеам во 21 век без капка вода, порача  заменикот министер за животна средина, Стево Темелковски, на одбележувањето на  светскиот ден на водата. Иако министерството е надлежно за овој ресор, Темелковски не сакаше да го коментира проблемот со водоснабдувањето во Тетово. Вината ја лоцираше во локалната власт, која според него, имала доволно време досега да го реши, пренесе 24 ТВ.

Од следната година Регулаторната комисија за енергетика ќе ја диктира цената на водата. Првиот човек на комисијата, Димитар Петров, не откри дали ќе има повисока цена на водата и кој ќе ги плаќа губотоците на вода. Допрва ќе се прават анализи за сметките.

Денеска е светскиот ден на водите. Надлежните порачаа за зголемување на свеста кај граѓаните околу важноста на одржливиот начин на водата, како скапоцен ресурс.