Годишен состанок на координатори на франкофонија од регионот

Сподели

Денеска во Министерството за надворешни работи на Република Македонија ќе се одржи годишен состанок на национални координатори на Франкофонијата од регионот на Централна и Источна Европа, во рамките на одбележувањето на „Месецот на франкофонијата“.

Како што е најавено, на состанокот ќе учествуваат владини претставници на Франкофонијата од Македонија, Албанија, Бугарија, Ерменија, Молдавија и Романија, како и претставници од министерствата за образование на овие држави. Најавени се разговарит за активностите во рамки на годишната агенда, која предвидува интензивирање на меѓусебната соработка.

Македонија од 2006 година е полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата, организација во која членуваат 84 држави и влади.