В. Британија: Вооружени полицајци вршат претреси во врска со нападот во Лондон

Сподели

Вооружени припадници на полицијата денес изведоа рација на имот во вентралниот англиски град Бирмингем, откако вооружен напаѓач уби четири лица пред смртно да биде застрелан од полицијата, која ја обезбедува зградата на Парламентот во Лондон, јавува Anadolu Agency (AA).

Полицијата одби да објави дали претресите се поврзани со нападот во срцето на британскиот центар на моќ, кој се случи вчера.

Меѓутоа, сите британски медиуми денес го цитираат неименуванит сведок кој истакна дека операцијата е поврзана со нападот во којшто беа повредени 40 лица.

Вчера попладне човек со нож во СУВ возило газеше пешаци на мостот Вестминистер, пред да се забие во оградата од зградата на Парламентот.

Потоа излегол од возилото и со нож убил полицаец, пред да биде убиен од страна на полициските службеници. Напаѓачот сè уште не е идентификуван.