„-Специјалното обвинителство е основано токму за темелно да ги истражи тие наводи и да ги изведе пред правдата. Ова што го гледаме во последните месеци или година, е токму она што беше опишано од извештајот на Стејт департментот, во кој се вели дека е јасно дека постои координирана кампања за намалување на кредибилноста и професионализмот на СЈО. Тоа е сериозно. Зашто ако СЈО не може да го спроведе она за што е основано, темелно да ги истражи наводите, тогаш се чини дека целиот процес од Пржино е залуден. Така што, освен ако СЈО не го спроведе она за што е формирано, нема да има крај на оваа криза. Мислам дека е важно тимот на СЈО да продолжи со работа сe додека е неопходно. Секако, собранието е тоа што треба да одлучи за мандатот, но пред сe, на институцијата треба да и се овозможи да ја продолжи својата работа, да не биде попречувана од други институции.“
Изјава за Фактор24, холандскиот амбасадор Воутер Пломп.