Родители кренете го својот глас за иднината на вашите деца
Денес е светски ден на Аутизмот и самата прослава кај нас е право лицемерие. Мали прослави каде нашите деца ке изигруваат статисти како од некој треторазреден филм, ќе ги сликаат, можеби ќе добијат и некое балонче и ќе се спомнат тие фрази како се се прави за овие деца, од тие причини нема да го одбележам туку ќе го кренам гласот и ќе по…тсетам каде сме.
Да растеш дете со Аутизам во Македонија е равно на невозможна мисија.
– Мораш сам да правиш скапи анализи во странство зошто кај нас или нема регенси или тие анализи не е возможно да се направат,
– Мораш сам да нарачуваш суплементи од странство и за истите да плаќаш царина зошто се третираат како лукзузна роба,
– Мораш сам да плаќаш дефектолог, логопед, сензорна интеграција ако сакаш твоето дете да има напредок,
– Мораш сам да плаќаш асистент за придружба на своето дете ако сакаш детето да оди во школо,
– Мораш сам да плаќаш лице која ќе се грижи за твоето дете во период додека родителите се на работа,
Се е ова дел од секојдневните грижи и обврски со кои се соочувам како родител на дете со Аутизам. Голем дел од овие горе наведени работи во “нормална држава” – државата ги покрива како трошок, но кај нас на власта побитно им беше да се изгради тој кичерај од Скопје 2014 година него да направст дневни центри за овие лица, да обучат стручни лица со кои полесно би се справиле со сите тешкотии со кои секојдневно се справуваме.
Нашата држава закличи дека за покривање на овие трошоци на една фамилија доволно им се 4.360 денари, баш би сакал некој стручен од таа служба да ми ја објасни математиката како стигнаа до таа сума и не е потребно да ми се појават на врата неколку дена пред избори и да ме прашаат како се снаогам со моето дете и што мислам за помошта што ја добивам.
Не крај ве повикува вас родители кренете го својот глас за подобра иднина и социализација на вашите деца, не е поважна партијата од вашите деца, само заедно можеме да направиме нешто и да бидеме горди и можеби тогаш ќе можеме и да го одбележиме овој ден како што и прилега.