РСЕ: Шведска им одаде почит на жртвите во нападот

Сподели

Шведска денеска со едноминутно молчење им одаде почит на жртвите од нападот со камион за кој власти веруваат дека е спроведена од 39-годишен маж од Узбекистан.Огромна толпата се собраа пред стоковната куќа Ахленс на аголот на пешачка улица каде напаѓачот го возеше украдениот камион кој удри во фасадата на продавницата, при што загинаа четири лица, а беа повредени 15. Едноминутното молчење се одржа на пладне. Многумина им се заблагодарија и го прегрнаа полицајците кои го обезбедуваат тој дел од градот за нивниот одговор на нападот. Официјалната церемонија истовремено се одржа и пред Градското собрание во Стокхолм, на која присуствуваа премиерот Стефан Лофвен, кралот Карл XVI Густаф и поголемиот дел од кралското семејство, и градоначалникот на Стокхолм Карин Вангард. ” Ние никогаш нема да дозволиме да надвладее тероризмот”, рече Вангард доплнувајќи дека Стокхолм ќе остане отворен и толерантен град.

slobodnaevropa.mk