„Крајот на времето“ на Манчевски награден на фестивал во Аспен

Сподели

Новиот филм на Милчо Манчевски, „Крајот на времето“ освои награда на филмскиот фестивал Аспен Шортфест 2017 во САД, каде што ја имаше и светската премиера. 

Фестивалот во Аспен се одржуваше од 4-ти до 9 април. Овој експериментален краток филм на Манчевски во кубанско-американска копродукција ја освои престижната награда Елен која носи и 2,500 долари.

Наградата е востановена во чест на Елен Кохнер Хант, основач и поранешна директорка на фестивалот во Аспен, Колорадо, еден од најреномираните фестивали на краткометражен филм во светот кои се квалификуваат за наградата Оскар.

Наградата Елен е дел од престижните официјални признанија на фестивалот, а според организаторите таа се доделува „на филм кој го отелотврува духот на филмската селекција на Аспен од 1976 до 1995 година.

– „Крајот на времето“ е опишан како експериментален филм „за оној хипнотизирачки миг во еден обичен, скромен вторник кога човек сфаќа дека времето запрело и светот е вшмукан во една единствена насмевка“. „Крајот на времето е филм кој може комотно да се претстави во музеј или галерија наместо во киносала. Во него продолжувам да ја истражувам крстосницата каде што вистината и прикаската се вкрстуваат, преклопуваат и сукобуваат; овој пат на минималистички начин, изјави Манчевски.

Филмот е снимен во Сан Антонио де лос бањос на Куба, а постпродукцијата во Њујорк и Македонија. Ова е една од првите американско-кубански копродукции, која почна пред неодамнешното затоплување на односите меѓу двете земји.

cooltura.mk