НЛБ ТУТУНСКА БАНКА: Сите средства на нашите клиенти се апсолутно безбедни

Сподели

Управниот одбор на НЛБ Банка во врска со грабежот на девизи од трезорот на банката извршен вчера, соопшти дека средствата на нивните клиенти се безбедни и дека се преземени сите мерки за осигурување на своите редовни активности.

– Согласно информациите, кои се проширија во јавноста за истрагата за инцидент настанат во НЛБ Банка АД Скопје, она што е најважно е да ве информирам и ве уверам дека сите наши клиенти и колегите вработени на нашата банка се сигурни. Сите средства на нашите клиенти се апсолутно безбедни и клиентите не треба воопшто да се загрижени. Банката ги има преземено сите мерки за осигурување на своите редовни активности – изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

Од Банката наведуваат и дека соработуваат со надлежните власти и се надеваат на брз и позитивен исход од истрагата.

– Како не би го попречувале напредокот на истрагата, во овој момент не би можеле да коментираме повеќе за настаните се до крајот на истата, сепак сите понатамошни информации треба да дојдат од надлежните истражни органи –  додава Аргир во писмената изјава.

Според него, настанот нема влијание на секојдневното тековно работење на Банката и НЛБ Банка.