Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги повика турските власти на учтив дијалог на сите политички и општествени сили во земјата по победата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на референдумот за проширување на претседателските овластувања.
Според неа, гласањето ја покажало длабоката поделеност на турското општество. Германската Влада, според соопштението, го почитува правото на турскиот народ да одлучува за сопствениот Устав, но истовремено нагласуваат дека Ердоган носи голема одговорност за следните чекори на Турција.