СДСМ: Опструкциите на граѓанската волја да престанат, мнозинството ќе ја формира новата Влада!

Сподели

Соопштение на СДСМ:

Парламентарното мнозинство избрано на легитимни избори од околу 700.000 граѓани ќе постапи според уставните должности и ќе ги избере новиот собраниски претседател и новата реформска Влада.

Државата мора без одложување да профунционира за граѓаните, кои 4 месеци чекаат да се реализира нивната јасно изразена волја за промени.

Трајко Велјаноски и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, и вршителот на должноста претседател на државата Ѓорге Иванов, се должни да дозволат демократските процеси да продолжат!

Парламентот и сите институции имаат обврска да го овозможат формирањето на Владата низ мирен трансфер на власта.

Секоја институција и секој поединечно мора да биде свесен дека постапувањето спротивно на државните интереси е погазување на Уставот и правото и загрозување на стабилноста на Македонија и повлекуваат одговорност.

Секое дело спротивно на државните интереси е противуставно и казниво и опструкциите да се реализизира мнозинската граѓанска волја мора веднаш да престанат.

Македонија ќе ја добие новата реформска Влада што, ќе го обезбеди владеењето на правото, квалитетен живот за сите и евро-атлантски перспективи.