Европскиот и Националниот младински совет со осуда за нападите врз пратениците

Сподели

Европскиот младински форум и Националниот младински форум на Македонија ги осудуваат брутални напади врз пратениците и степенот на насилство кој беше употребен од протестантите:

„Загрижувачки е тоа што помеѓу протестантите беа и млади луѓе кои го избрале насилството како начин за изразување на незадоволството. Тоа исто така претставува и директна повреда на демократските и европски вредности.

Вчерашното насилство беше насочено кон сите групи во општеството, вклучувајќи ги и младите. Македонските граѓани, особено младите, треба да ги застапуваат и изразуваат слободно своите мислења, се додека истите се засновани врз ненасилни и демократски принципи.

Ние ја поддржуваме слободата на здружување и слободата на говорот и бараме да се воздржат од секаков повик за насилство и говор на омраза. Говорот на омраза и тензиите достигнуваат невидени размери и во однос на тоа, младите како најранлива група се наоѓаат во многу тешка ситуација.

Политичката криза која се уште трае и нејзините чести насилни ескалации создаваат опасна средина каде младите и младинските организации земаат активно учество во општеството.

Со цел да се избегнат идни тензии и одржување на благосостојбата на младите луѓе, ги повикуваме сите политичари итно да најдат решенија кои ќе ги одблокираат демократските процеси и создадат услови за правилен и неопходен развој на младите луѓе“.