Проевропски ориентираниот претседателски кандидат, Емануел Макрон победи на изборите во Франција.
Излезните анкети покажуваат дека Макрон, поранешниот мнистер за економија и поранешен банкар, кој се залага за Европската унија, освои 65,9 отсто гласови, а Ле Пен, 34,1 отсто во вториот круг од претседателските избори.
Како една од главните причини зошто гласачите гласаа за Макрон е спротиставување на радикалната десница. Многу невладини организации кои не сакаат на власт да дојде Марин Ле Пен, поранешната лидерка на Национален фронт, одредени верски организации, писатели и претставници на кинематографијата повикуваат на пружање на поддршка за Макрон.
Макрон се обрати пред нацијата, гордо изјавувајќи дека ќе се бори против сите сили кои сакаат да ја разединат Франција упатувајќи огромна благодарност до францускиот народ.
„Ова е голема чест и голема одговорност. Сакам да Ви се заблагодарам на сите – Ви благодарам од дното на моето срце. Ќе се борам против поделбите кои се прават. Ќе работам на исполнување на тоа што сум го ветил, на обновување на врската меѓу Европа и нејзините граѓани. Моја должност е да ги отстранам стравовите и повторно да разгорам оптимизам“, изјави Макрон.
Според најавите, Оланд и Макрон утре ќе присуствуваат на свеченоста кај Триумфалната порта по повод победата над фашизмот и крајот на Втората светска војна. Веднаш по објавувањето на резултатите медиумите повторно ја вратија приказната за љубовта на Макрон со Брижит. Станува збор за 64-годишната Брижит која била поранешна наставничка на Макрон, а сега негова жена. Макрон ја запознал кога тој имал 15 години во католичкото училиште – Брижит со ова станува и официјално првата дама на Франција.