Нелегални се блокадите и насилството, ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна опозиција!

Сподели


Неопходно e ВМРО-ДПМНЕ да се постави како конструктивна опозиција во интерес на граѓаните и евро-атлантските перспективи, а прв чекор кон тоа е да се откажат од лаги и опструкции на легалните демократски процеси.

Нелегално и незаконски е извршено насилството во Собранието преку сериозни кривични дела на терористичко загрозување на уставниот поредок, за што ќе следува одговорност и за нарачателите и за извршителите.

Новиот претседател на Собранието е избран легално и легитимно според Уставот, законите и Деловникот. Според Уставот, Деловникот и законите ќе биде избрана и новата реформска Влада.