Замрзнат имотот на бизнисменот Сеад Kочан

Сподели

Замрзнат е имотот на осомничениот бизнисменот Сеад Кочан. По барање на Специјалното јавно обвинителство, судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 попладнево донел решение за замрзнување на имотот на сопственикот на „Трансмет“, јави 24 Вести.

Од СЈО за телевизија 24 потврдуваат дека е побарано да биде блокирана сметката на „Трансмет“. Против Кочан  се води постапка во случајот „Труст“, а тој во моментов не е достапен на органите на прогонот.
Решението, како што се наведува во веста што ја објави порталот „Актуелно“ опфаќа замрзнување на сиот движен и недвижен имот, сметките на компанијата „Трансмет“, телевизијата „Нова“, и уште некои фирми каде што тој има удели, но и неговите приватни сметки. За Сеад Кочан има решение за притвор, а поради тоа што не е достапен – распишана е  потерница за приведување.